Интер и Јувентус веќе го планираат јануарскиот трансфер рок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Летниот трансфер рок само што заврши, а веќе тргнаа шпекулациите што може да се случи во јануари.

Така е многу можно да дојде до промена на десен бек во редовите на Јувентус, Интер и Манчестер Јунајтед.

Имено, Стефан Лихштајнер од ова лето е во втор план во Јувентус, и сака да премине во Интер.

Казната брзо следеше, бидејќи Алегри не го пријави за настапите во Лигата на шампионите.

Се укажува дека Швајцарецот веќе на зима ќе ја промени средината, а желба е премин меѓу Нероаѕурите.

Доколку дојде до тоа, Старата дама веќе има спремна замена, а во прашање е репрезентативец на Италија и член на Манчестер Јунајтед Матео Дармијан, кој порано ги бранеше боите на градскиот ривал Торино.

Дармијан истотака е во втор план на Олд Трафорд бидејќи Жозе Мурињо на позиција десен бек го форсира Антонио Валенсија.