Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако вчера Интер официјално ги претстави Квадво Асамоа и Стефан Де Вриј, денес Нероазурите тоа го направија и со Лаутаро Мартинез.
Аргентинскиот напаѓач е роден во 1997 година и поодамна договори доаѓање во Милано, а денес и официјално го потпиша договорот со првакот во Европа од 2010 година.
Интер за Мартинез плати на аргентинскиот Рацин 23 милиони евра, а на својата страница го претстави како модерен и брз напаѓач кој подеднакво добро игра и со двете нозе.
Мартинез е напаѓач, но може да игра и на позиција како полушпиц во зависност од потребите и тактиката.
Во својата релативно кратка професионална кариера, Мартинез има одиграно еден натпревар за првата репрезентација на Аргентина додека за селекцијата У-20 на Гаучосите забележа 11 настапи и 7 постигнати голови.