Интер подготвен за голем егзодус: Јоветиќ, Кондогбија и уште 4-ца на листата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Време е за измени во Интер.

Во тимот на Интер се подготвува голем „прогон“. По две смени на тренерот од стартот на сезоната, но и катастрофата во дербито против Наполи ќе предизвикаат измени во составот.

Според медиумите, предводник на листата на отпишани е Кондогбија. Францускиот играч се наоѓа во слободен пад откако од Монако стигна за 36 милиони евра.

Дури е познатата и формула со која Интер планира да се ослободи од него. Со оглед на отсуството на добра форма, но и годишните примања од 3.5 милиони, Интер планира да го испрати на позајмица, но со откупна клаузула од 20 до 22 милиони евра.

Свесни се во Интер дека се во голема финансиска загуба во врска со Кондогбија, но мора да се најде некое решение.

На веќе споменатата листа се наоѓаат и Јоветиќ, Мело, Паласио, Сантон и Бијабијани.

За иднината на Јоветиќ се зборува веќе некое време. Тој е мета на Фиорентина, а тие не би имале ништо против да го видат во својот тим. Ситуацијата со него е многу комплицирана, бидејќи би можело да се случи во Интер во само неколку денови прво да му исплати на Сити 14.5 милиони поради клаузулата која е активирана на стартот на сезоната, а потоа и да го продадат во некој друг клуб.

Интер и тука најверојатно ќе биде во загуба, бидејќи во Фиорентина немаат намера да платат повеќе од 8 милиони евра.

Додека Мело би требало да се врати во Истанбул, Паласио најверојатно ќе се врати во татковината. Сантон е поврзуван со неколку клубови од Серија А, дури и ПЛ додека Бијабијани ќе биде слободен да избере каде сака да замине.

Во Интер се надеваат дека со продажба на сите споменати играчи би собрале доволно пари за делумно реновирање на тимот. Интер  е заинтересиран за Томас Ринкон од Џенова.

Сепак, првиот човек на Џенова, Енрико тврди дека тој нема намера да го продаде играчот пред лето, но би размислил за размена со Интер во случај да дојде во нивниот тим Гнукури.