Интер пронајде долгорочна замена за Хандановиќ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Интер бара голман со голем потенцијал, изгледа дека го пронајде.

Скаутите на Интер до крајот на оваа сезона ќе го следат голманот Алекс Мерет кој брани во екипа по име СПАЛ, на позајмица од Удинезе и таму покажа дека се работи за исклучително талентиран голман.

Многу доаѓаа да го гледаат како брани, а изгледа дека Интер засега е најупорен.

Овој голман има 20 години, а интересно е дека беше повикан и во репрезентацијата на Италија во последните пријателски мечеви, но не можеше да добие место меѓу стативите покрај Донарума и Буфон.

Самир Хандановиќ истакна дека сака да брани во Лигата на шампионите, што може да значи и негово заминување од клубот, што секако ги зголемува шансите за младиот Мерет да биде меѓу стативите кај Нероаѕурите.