Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер го распродаде стадионот за вечерашниот меч со Барселона во рамки на четвртото коло во Лигата на шампионите.
Миланскиот клуб продаде повеќе од 73 илјади влезници и со заработката од нив го сруши италијанскиот рекорд. Пристигнувањето на шпанскиот шампион, на Интер од влезници му донесе повеќе од 5,8 милиони евра.
„Со повеќе од 5,8 милиони евра заработка од влезниците за средбата помеѓу Интер и Барселона ќе биде побогат мечот за италијанскиот фудбал“, се пофали миланскиот клуб на социјалните мрежи.
По три меча во групата Б во Лигата на шампионите, Барселона е лидер со максимални 9 бода, Интер е второпласиран со 6, а ПСВ и Тотенхем имаат по еден бод.
Досегашниот рекорд од заработка од билети го имаше Рома во минатогодишното полуфинале против Ливерпул. И рекордот на Интер досега беше 5,2 милиони евра, но е остварен изминатата сезона во италијанското првенство во мечот против Јувентус.