Интер ја краде најголемата желба на Јувентус?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер ова лето се очекува да биде доста активен на трансфер пазарот кога во прашање е доведување на нови фудбалери.

Познато е дека Патрик Шик е голема желба на Јувентус, одличниот играч од Сампдорија сега е желба и на Интер.

Овој чешки фудбалер пристигна од Спарта Прага минатото лето и се докажа во екипата од Џенова.

Постигна 11 погодоци на 28 натпревари оваа сезона и летово би можел да ја менува средината.

Јувентус веќе загриза за доведување на овој играч, но прсти сега вмеша и Интер кој може да ја растури целата работа.

Тој има откупна клаузла од 25 милиони евра, а Сампдорија сака да заработи барем 40 па се подготвени да му понудат нов договор.

Но Интер е подготвен да плати 35 милиони евра.