Интер ќе направи се да го доведе Конте, му ветија нови засилувања!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот стручнак Антонио Конте пред почетокот на оваа сезона стигна на клупата на Челси со кој е на прагот од освојување на титулата шампион на Англија.

Меѓутоа, во италијанските медиуми во последно време се повеќе се шпекулира дека Конте експресно ќе се врати во Серија А.

Имено, интерес за овој тренер покажа Интер кој нема да штеди пари да го доведе Конте на Меаца во ова лето.

Според пишувањата на медиумите на Апенините Интер понуди на Конте годишна плата од 12 милиони евра што е повеќе отколку што моментално заработува на Стенфорд Бриџ.

Покрај тоа, челниците на клубот му ветија неколку звучни засилувања за нареднатасезона во која Интер сака да се врати во самиот врв на Серија А.

Наводно, главна мета на Интер ќе биде играчот за врска на Рома, Раџа Наинголан, и неговиот соиграч Костас Манолас.

Интер покажа интерес да проба да го доведе Езеквел Гарај, но порачаа дека листата на желби на овој клуб е многу поголема отколку што се чини.

Сепак, тешко е да се очекува дека Конте ќе прифати само така да го напушти Челси после една сезона каде што веројатно ќе стане шампион на Англија.

Неговата наредна цел со Сините е освојување на Лигата на шампионите.

Но, многу пати е докажано дека во фудбалот се е можно.