Интер ќе профитира од хаосот во Мадрид!?


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Реал Мадрид се наоѓа во тешка ситуација по лошиот старт на сезоната и не знае за победа веќе неколку натпревари.

Еден од незадоволните играчи е Лука Модриќ, кој смета дека не игра доволно, односно четири пати влегуваше во игра во текот на натпреарот, а пет пати беше заменет.

Одигра само два цели натпревари против Еспањол и во последниот против Алавес, па јасно е дека не е задоволен.

Хулен Лопетеги имал разговори со Модриќ, на кои Хрватот јасно ги кажал своите намери.

Наводно, Хрватот сака да си замине доколку Шпанецот не го користи во првиот тим на Реал Мадрид.

Интер ќе сака да ја искористи таа ситуација, па конечно би можел да им се оствари „сонот“.