Иско може да игра во Барселона, но само во овој случај!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал, Иско на крајот на оваа сезона сака да го напушти тимот затоа што не е задоволен со својата минутажа во тимот на Зидан.

Веќе неколку недели се зборува за неговото заминување од Реал, а прва опција беше Барселона.

Сепак, овој трансфер е невозможен поради тоа што Иско во својот договор има клаузула која не му дозволува да премиен во Барселона.

Познато е дека Иско во детството навивал за Басрселона и многумина веруваат дека токму таму ќе ја продолжи кариерата, но тој се одлучи да премине во Реал.

Но доколку Иско сака навистина да игра за Барселона постои опција за тоа.

Иско со Реал има договор до наредната година кога ќе биде слободен играч. Во тој случај Иско ќе има право да бира каде ќе ја продолжи кариерата.

Но дали е тој подготвен да остане на клупата за резервни играчи на Реал уште една сезона, останува да видиме ова лето.