Иско: Работите се менуваат и нормално е, кога немаш ист статус со соиграчите…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако Алкарон не е задоволен со својата положба во Реал. Незадоволството кое кулминираше и на социјалните мрежи.

Одговарајќи на ијзавата на Рубен де ла Ред, некогашниот играч на Реал Мадрид кој наведува: „Иско мора да сфати дека клуб како Реал Мадрид не чека никого“, дваесетгодишниот Андалужанин на јавноста и се обрати на Твитер:

„Потполно се согласувам со де ла Ред. Меѓутоа, кога не добиваш иста шанса на теренот, како твоите соиграчи, работите се менуваат. Сепак, продолжувам да работам и да се борам, чекајќи ги“, пишува Иско.

Изјава очекувано предизвика бура емоции во јавноста. Додека едната страна смета дека Иско неоправдано падна во подредена положба, голем број навивачи на Реал истакнуваат дека со моменталната форма тој не заслужува подобро.

Ова е само последен во низата докази на се полошиот однос помеѓу Иско и Солари. Некогашниот најголем потенцијал на клубот, оваа сезона запишува најголема минутажа на клупата. Засега, неславниот рекорд на Шпанија го држи со 767 минути, додека на втора позиција се наоѓа Хил со 687 минути следење на мечот од клупата за резерви.

Иско, премина во Реал Мадрид во 2013. година од Малага. Очекувањата на почетокот ги оправда, додека во изминатата година покажува мешана форма, често далеку од блескаво издание за кое е способен. Со самото тоа, зачестија и гласините за заминување од Кралскиот клуб.