Испратени се неколку понуди, но веќе е јасно каде ќе се игра Суперкласико!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стадионот на Ривер плејт, „Монументал“ ќе биде суспендиран, а постојат голем број понуди за домаќинство за одигрување на реваншотод финалето во Копа Либертадорес.

Навивачите на Ривер го каменуваа автобусот на Бока во саботата по што натпреварот беше одложен за во недела, а потоа Бока побара одложување и суспензија на стадионот на Ривер.

Денеска ќе има состанок КОНМЕБОЛ, а прво што ќе решат е дали дуелот ќе се игра на „Монументал“ или не.

Доколку решат да биде „Монументал“ домаќин, тогаш се поставува прашањето дали ќе се игра без гледачи, а ако не се договорат, тогаш мечот би можел да се игра на стадионот на Велез Сарсфилд, „Хозе Амалфитани“.

Сепак, денеска ќе биде позната одлука за тоа кога и каде ќе се одигра Суперкласико.