Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Потпишан е договор на повеќе години.
Најсилната азиска обложувалница „VWIN“ денес потпиша договор со Милан.
Оваа обложувалница ќе биде регионален партнер на Милан, а ќе спроведува маркетинг кампања во Азија.
„Возбудени сме што ќе соработуваме со Милан. Очекувам успешна кампања за двете страни. Не можам да ја дочекам иднината.“, изјавија од компанијата.
Оваа компанија е прва компанија која е регионален партнер на Милан во Азија, а прв чекор ќе биде развој на стратегија на клубот кој подразбира и пробивање на азискиот пазар.