ИФФХС: Меси е најдобар плејмејкер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси е најдобар плејмејкерс според Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика(ИФФХС). Тој доби 172 гласови од 56 земји.

На второ место е Андрес Иниеста со 66 бодови, а трето место е Тони Крос со 45 бодови. Месут Озил се наоѓа на 4-то место со 39 бодови, а 5-то место се Лукас Модриќ и Ријад Марез со 36 бодови.

Топ 10 ги комплетираат Кевин Де Брујн, Пол Погба, Еден Азар и Димитри Паје.

Барселона е доминантна во оваа категорија, нивните фудбалери ја добија оваа награда во 8 од последните 9 години. Тони Крос во 2014 година ја прекина нивната доминација. Чави има освоено 4 титули, а Иниеста и Меси по 2.