И ГОТОВО: Годин му кажува збогум на мадридски Атлетико


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Диего Годин заминува од Атлетико Мадрид, со оглед на тоа дека нема ништо од договорот.

Капитенот на Атлетико Мадрид се навреди од новите понуди на клубот од продолжувањето на соработката, одлучи во Босмановото правило да го напушти Мадрид на крајот од оваа сезона.

Годин ниту сега не е еден од најплатените во клубот иако е темел на клубот, столб на одбраната која е заштитен знак за Атлетико Мадрид откако Диего Симеоне е во клубот.

Годин има 32 години и веќе размислува за крај на кариерата, па целта му е до крајот да земе што е можно повеќе пари.

Во Атлетико тоа, изгледа оди малку потешко, па веројатно среќата ќе ја побара во Премиер лигата.