И Лацио го посакува Алиоски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Езгјан Алиоски е интересна трансфер опција за многу клубови од топ лигите ширум Европа.

Нов клуб кој пројави интерес за нашиот репрезентативец е тимот на Лацио. Од Лацио постои интерес  и за Стефан Ристовски па лесно може да ги видиме Алиоски и Ристовски како соиграчи во дресот на Лацијалите.

Како што пишува весникот „Блик“ Алиоски на маса има многу понуди по фантастичната сезона која ја има зад себе. Дел од тимовите покрај Лацио кои се интересираат за брзоногиот фудбалер се Шалке, Херта, Баер Леверкузен, Ајнтрахт Франкфурт, Штутгарт, Лестер.