„И Меси е само човек!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличниот Лионел Меси на вчерашниот натпревар во ¼-финале против Јувентус пропушти неколку шанси, а неговата Барселона испадна од ЛШ.

Легендарниот напаѓач на Арсенал и Англија, Рајт изјави дека го изенадила играта на Меси.

„Кога ќе погледнете, тие имаа 13 удари, а само 1 во рамките на ударот. Тоа не се случува често.“

„Меси имаше неколку шанси кои не ги искористи и тоа ме изненади. Посебно една кога не ја погоди рамката на голот. Едноставно не беше на свое ниво.“

„Сфативме дека и тој е само човек, затоа што видовме дека крвари. Тоа беше чудно да се види.“

Меси и оваа сезона е во одлична сезона, дури 45 голови за Барселона во сите натпреварувања, сепак против Јувентус беше немоќен.