И покрај интересот од ПСЖ и Баерн Минхен, Ремзи посакува трансфер во друг тим


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Скај Спротс“ пренесува дека Арон Ремзи преферира трансфер во редовите на Јувентус и покрај сериозниот интерес од Баерн Минхен и ПСЖ.

Велшкиот интернационалец и дефинитивно ќе си замине од Арсенал следната година, а со почетокот на новата година ќе има право да преговара со други тимови заинтересирани за неговиот потпис.

Во медиумите низ Англија пред извесен период се шпекулираше дека ПСЖ ја добил битката за трансферот на Ремзи, но сега „Скај спортс“ пренесе дека Јувентус е негова преферирана дестинација.