И покрај најавите дека ќе замине, Ди Мариа останува верен на ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер од редовите на ПСЖ, Анхел Ди Мариа ја продолжи верноста со клубот и ќе остане во Париз до 2021 година.

Крилниот фудбалер го продолжи својот договор за дополнителни две сезони и со тоа стави крај на шпекулациите кои го поврзуваа со заминување од „Паркот на принцовите“.

„ПСЖ е презадоволен што може да објави дека Анхел Ди Мариа потпиша двегодишно продолжување на договорот. 30 годишниот аргентински интернационалец сега е врзан со нашиот клуб до 30 јуни, 2021“ –стоеше во официјалното соопштение од ПСЖ.