И речиси официјално: Ибрахимовиќ се враќа во Милан за 2.200.000 евра!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ и Милан – изгледа дека договор падна! Спортмедијасет јавува дека Златан во суштина се сложил по вторпат да го облече дресот на „Росонерите“, со кои во 2011. година, ја освои шампионската титула. Тоа воедно е и последната титула на славниот клуб…

Истиот извор наведува дека спортскиот директор на миланскиот великан, Леонардо во понеделникот разговарал со Мино Раиола и дека е направен договор Ибрахимовиќ во следните шест месеци да ги мине на „Сан Сиро“ за плата од 2 милиони и 200 илјади евра. Како што е познато, Ибра во ЛА Галакси ја заврши сезоната, а на Милан не би му било првпат на овој начин да донесе играч од Америка. На идентичен начин пристигна и Дејвид Бекам, дури од истиот клуб.

Она што би можело да претставува проблем е фактот дека шведскиот напаѓач има уште една година договор со Американцитре, што значи дека мора да се врати кога ќе почне сезоната во МЛС лигата. Секако, се во случај во договорот со Галакси да не постои некоја специјална клаузула, по која Ибра може еднострано да ја раскине соработката. Доколку таква клаузула нема, тогаш Милан треба да преговара со челниците на клубот од Лос Анџелес за да го задржи Златан и по тие шест месеци.

За време на својот прв мандат на „Сан Сиро“, Ибрахимовиќ одигра 85 натпревари за „Росонерите“ и постигна 56 погодоци.