И тоа се случи: Дел Боске се реши од „заштитниот знак“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во текот на богатата тренерско-играчка кариера заштитниот знак на Дел Боске беа брковите, поради што скоро половина век го следеше надимакот – Големи мустаќи, но легендарниот Шпанец сега се одлучи да ги избричи.

Имено, на свеченост во Мадрид, која ја приреди магазинот „Men’s Health“, Дел Боске се појави избричен и без бркови.

„Прифатив реклама за кампања за риболов Песканова. Помислив зашто мене ме одбрале, а тие мо кажаа дека приказната е врзана со неговите бркови, а за ефект на рекламата требало да ги избричи. Најпрво се противев, но еве ме… После скоро половина век без бркови“, се смееше Дел Боске кој во тренерските води не е од 2016. година откако ја напушти клупата на Шпанија, па додаде:

„Точно 45 години брковите ми се заштитен знак. Чудно ми е да се видам без нив, чудно е и чуството. Сега не се бричам, се додека не пораснат како претходно“.