И тоа се спрема: Финалето во Лигата на шампионите во Њујорк


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како би стекнала уште поголмема популарност и како би заработила и во другите континенти, шпанската Ла Лига одреден број на натпревари кои ќе ги одиграат во Соединетите Американски Држави.

Ваквата одлука предизвика бурно негодување кај играчите, но тешко да се поверува дека челниците на Ла Лига ќе се откажат од своите намери.

Освен Ла Лига и натпревари во Лигата на шампионите наскоро би можело да се одиграат ,,преку барата”, а дури се шпекулира дека набрзо и финале од Лигата на шампиони ќе се одигра во Њујорк.

Според зборовите на Jaume Roures, извршниот директор на ТВ компанијата Медиапро, стационирана во Барселона, веќе почнале преговори околу „преселувањето“ на најочекуваните натпревари на европскиот клубски фудбал на друг континент.

„Разговори и истражувања околу можноста за организирање едно идно финале на Лигата на Шампиони во Њујорк се во тек”- откри Roures кој беше гостин во една каталонска радио емисија.

Се чини дека процесот на преминување на Атлантикот е незапирлив со обзир дека европските великани веќе со години го одбираат токму САД за своите припремни турнеи па само прашање на време е кога и натпреварите од натпреварувачки карактер ќе почнат да се играат таму.