Кавани го селат во Реал Мадрид, а тој размислува за – пензија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фантастичниот напаѓач на ПСЖ, Едисон Кавани веќе некое време се поврзува со трансфер во некој од европските гиганти, а еден од нив е Реал Мадрид.

Искусниот Уругваец претходно се поврзуваше и со Челси, Наполи, но очигледно има различни планови од шпекулациите на медиуми.

„Во моментов, мислам да играм тука до крајот на својот договор, а постои можност и до крајот на кариерата. Ќе имаме 33 години кога ќе ми биде при крај договорот. Не знам дали ќе играм по 2020 година“, вели Кавани.