Казорла е феноменален, неговиот пример треба да се следи…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со два погодоци, Санти Казорла му донесе на својот тим бод против Реал Мадрид. Беше 2:2, а Казорла го потврди своето големо фудбалско знаење.

Тренерот на Виљареал, Луис Гарсија смета дека Казорла е феноменален.

„Тој е пример кој сите треба да го следат. Не само поради овие два погодоци, туку и поради тоа што напорно тренираше и за времето додека не играше“.

Како што е познато, Казорла лесно можеше да остане без стапало, а и самите лекари му препорачаа ампутација. Не се предаде, сакаше што е можно побрзо да се врати на терен и да заигра, а синоќа блесна.

Од 2013. година и првата повреда Казорла мина на преку десет операции. Дури и кожата од неговата лева рака е пресадена на десниот дел.

„Мојот најголем страв беше дека веќе нема да може да игра фудбал. Најголемиот проблем на трансфер беше тој што мораше да закрепне од инфекции и да му се реконструира Ахиловата тетива. Негвото враќање пред повредата е нешто што дотогаш не сум го видел“, беа зборовите на Михаел Санчез.

„Беше тоа тежок предизвик и доста стресен. Целта не беше повторно да може да оди како нормална личности, туку да може да игра фудбал на највисоко ниво. Секогаш сум стравувал од тоа медиумите да чекаат да видат што ќе биде со Казорла. Да не успееше да закрепне, тоа би било големо разочарување. Од тоа секогаш се плашев“.