Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Рома, Лучијано Спалети сеуште размислува за продолжување на договорот со тимот од Рим.
Откако тој дојде на клупата во јануари минатата година, Рома стана кандидат за титулата во Италија.
Екипата игра одлично, а Спалети е најзаслужен за поголемиот дел од резултатите. Меѓутоа, тој има договор до крајот на сезоната.
Сеуште нема одлучено дали ќе остане во тимот или не, а клубот веќе му подготви нов договор.
Спалети има неколку барања до управата на Рома. Тој сака нови засилувања затоа што сака да остане конкурентен за титулата и понатаму.
Доколку оваа желба не му биде исполнета, тогаш Спалети ќе замине од тимот.