Какви прекрасни вести за Ливерпул: Клучниот играч ќе настапи против ПСЖ

ПСЖ го пречекува Ливерпул во еден од дуелите кој ќе одлучува за пласман во осминафиналната фаза од Лигата на шампионите.

Црвена Звезда гостува кај Наполи, а Ливерпул кај ПСЖ во рамки на петтото коло во групата Ц од Лигата на шампионите.

Сите се во битка за бодови, ситуацијата е повеќе од неизвесна, Црвена Звезда е единствениот последен пласиран клуб во ЛШ кој има 4 бода, но состојбата би можела да се промени по утрешните дуели.

Поради тоа многу е важно сите да бидат здрави, во Ливерпул и Париз тоа го наговестија.

Така беше под знак прашалник дали Садио Мане ќе биде во конкуренција за дуел на „Паркот на принцовите“, а се до денес тоа не се знаеше.

Сепак, тргна на пат велат во Ливерпул, дека потполно е закрепнат и дека ќе настапи.

Ова се фантастични вести за навивачите на Ливерпул.