Какво ДНО за Јаја Туре: Олимпијакос го „шутна“ по само три месеци…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Довчерашниот фудбалер на Манчестер Сити, Јаја Туре, во финишот на преодниот рок одлучи да потпише за Олимпијакос за кој настапуваше пред десеттина години.

Туре го напушти летово Сити откако му истече договорот со овој клуб, а на крајот потпиша за Олимпијакос иако имаше неколку добри прилики. Сепак, епизодата во грчкиот клуб не тргна како што се надеваше и во досегашниот дел од сезоната Туре поголемиот дел од времето ја грее клупата за резервни играчи.

Неодамна тренерот на Олимпијакос, Педро Мартинс изјави дека Туре не го воодушевил со своите игри, и дека евидентно има проблем со вишокот килограми. Медиумите во Грција објавија енес дека клубот одлучил да го раскине договорот со Туре по само три месеци.

Туре во досегашниот дел од сезоната во сите натпреварувања одигра пет меча, и на теренот мина скромни 222 минути. Со грчкиот великан питпиша соработка на една година и требаше да заработи 2,5 милиони евра, но од тоа очигледно нема ништо.