Каков е тој Мундијал од 48 учесници, ако барем 16 не се од Европа?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека Европа ќе бара од ФИФА најмалку 16 места за своите репрезентации на СП 2026 година, на кое ќе учествуваат 48 екипи.

За СП кога ќе се одржи во Русија, Европа има 13 места плус репрезентацијата на домашниот тим.

„Мислиме дека е реално да се бараат 16 места и уште еден услов, а тоа е секоја селекија да биде во различна група.“

ФИФА во јануари одлучи да го прошири форматот на СП од 32 на 48 екипи.

Тие во мај ќе одлучат и за Мундијалот во 2026-та година.

Чеферин минатата година беше избран за претседател на УЕФА, со што го замени Платини кој беше суспендиран.