Каков Ливерпул и Баерн, тој останува во Леверкузен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Млад фудбалер на Леверкузен истакна дека му е многу убаво во тој клуб и дека не сака сеуште да го менува клубот и покрај интересот.

Интересот за Јулијан Брант е голем во овој момент.

Младиот 20-годишен фудбалер веќе стигна и до репрезентацијата на Германија, стана еден од надежите на Јоаким Лев, а неговата вредност на пазарот оди и преку 50 милиони евра.

Ливерпул го следеше во претходните неколку месеци, наводно Јирген Клоп е многу заинтересиран да го види на “Енфилд“, но покрај Клоп во тимот го сака и Карло Анчелоти.

„Нема да се плашам да го одбијам Баерн и по втор пат, истото важи и за останатите клубови“, рече Брандт.

„Отсекогаш сум во добри односи со луѓето од Леверкузен, нормално дека е можно да го продолжам договорот. Мислам дека тоа ќе го направиме на лето“, рече Брандт.