Каков потег на Сити – Во Манчестер стигнуваат само најдобрите!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Сити планира да биде најдобар на сите полиња и во сите конкуренции.

Женската селекција на овој тим ја засили екипата со Карли Лојд.

Лојд два пати ја освои наградата на ФИФА за најдобра фудбалерка во светот, а сега се согласи да потпише договор со Сити.

Таа во Манчестер ќе остане до крајот на сезоната, поточно до први јуни, кога се игра финалето на ЛШ.

Откако ќе заврши договорот со Сити, таа ќе се врати во Хјустон во САД.

Во последно време стана тренд фудбалерките од САД да заминуваат во Европа. Последни примери се преминувањето на Алекс Морган во Лион, Кристал Ден во Челси, како и Едер О`Рајли во Арсенал.

Карли Лојд постигна 96 голови на 232 натпревари за тимот на САД.