Каков човек: Го платија 115 милиони евра, а тој наместо на фудбал, се посвети на – забави и алкохол!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона си има големи проблеми со Осман Дембеле, кој во четвртокот направи потег поради кој би можел да има сериозни последици и би можел да замине од клубот.

Французинот не се јавувал во четвртокот цел ден на телефон, а не се појавил ниту на тренинг, по што се кренала паника во Барселона, а тоа го налутило тренерот Ернесто Валверде.

Исто така, Валверде е разочаран со односот на Дембеле бидејќи тој повеќе се посветува на – забави и алкохол, а не вложува максимум на тренинг и на теренот.

Шпанските медиуми најавуваат дека Барселона е подготвена да се откаже од Дембеле и најверојатно ќе го продадат уште во јануари.

Според последните информации, наводно, за неговите услуги се заинтересирани од Ливерпул, па останува да видиме дали ќе направат конкретни потези.