Како би можел наскоро да изгледа тимот на Чапекоенсе?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Чапекоенсе доживеа голема трагедија минатата недела.

Авионот со нивните фудбалери се сруши во Колумбија и останаа скоро без цел тим. Сепак, многумина фудбалери кои некогаш важеа за големи ѕвезди одлучија да излезат во пресрет и да го облечат нивниот дрес.

Доколку дојде до договор со сите нив, екипата на Чапекоенсе би била повеќе од добра.

Во продолжение следи листата на играчи кои би можеле да заиграат за тимот:

  1. Нето

Станува збор за голман на Јувентус кој сочувствува со Чапекоенсе со тоа што тоа е тим од неговата земја.

Нето има договор со Јувентус до 2019-та година и најверојатно единствена опција за негово доаѓање во тимот е позајмица.

  1. Маикон

Добро познато име во европскиот и светскиот фудбал. Поранешниот десен бек на Интер, Сити и Рома моментално е слободен играч и би можел да го облече дресот на Чапекоенсе.

Со оглед на тоа дека до минатата сезона играше за Рома, сигурно е дека сеуште може да игра врвен фудбал на теренот.

  1. Алисон

Фудбалерот кој моментално настапува за екипата на Сантос. Игра на позицијата на дефанзивен играч за врска, а неговото име се поврзуваше со некои европски тимови во последно време.

Има договор со Сантос до 2017-та година и тој би можел да дојде на позајмица во тимот.

  1. Даглас

Даглас е крилен играч на Барселона кој игра на позајмица во Спортинг. Оваа сезона тој одигра 5 натпревари во Примера и постигна 1 гол.

  1. Лукас Силва

Уште еден фудбалер кој стигнува од Бразил и кој игра во голем клуб. Силва е член на Реал Мадрид, но во тој тим тој не игра оваа сезона, па заминување на позајмица е реална опција.

  1. Рикелме

Добро познато име во светскиот фудбал. Рикелме ја заврши кариерата во минатата година, но наводно е подготвен да му помогне на Чапекоенсе и да одигра неколку натпревари.

Да потсетиме дека Рикелме во текот на кариерата го носеше дресот на Барселона, Виљареал и Бока Јуниорс.

  1. Зе Роберто

Тој има 42 години, но сеуште не е пензиониран. Изгледа дека нема намера да го направи тоа во скоро време, бидејќи договорот со Палмериас му завршува на крајот на сезоната и тоа е добра шанса да го облече дресот на Чапекоенсе.

  1. Кака

Тој има 34 години и моментално е член на МЛС екипата, Орландо Сити.

Оваа сезона во МЛС лигата одигра 24 натпревари и постигна 9 голови. Секако дека тој би бил големо засилување за Чапекоенсе.

  1. Роналдињо

Тој е најголемо име кое во последните денови се поврзува со Чапекоенсе. Иако неодамна бразилските медиуми објавија дека потпишал за оваа екипа, тоа сепак не се случи, но би можело да се случи во брзо време.

Сигурно е дека тој би бил најпознатиот фудбалер кој некогаш заиграл за овој бразилски клуб.

  1. Ејдур Гудјонсен

Тој е моментално слободен играч, а претходно играше во Индија. Во текот на кариерата освои голем број на трофеи, а настапуваше за Барселона и Челси во минатото.

  1. Адријано

Еден од најдобрите напаѓачи во минатото, но никогаш немаше дисциплина. Сепак, тој би сакал да ја покаже својата позитивна страна во Чапекоенсе.