Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кариус беше очаен во финалето на Лигата на шампионите кога Ливерпул беше поразен од Реал Мадрид со 3-1. Од тогас работите тргнаа на лошо за Кариус, а од него се откажа и Јирген Клоп кој одлучи дека е најдобро овој голман да замине на позајмица.
Иако интересот не беше нешто голем, на крајот Кариус заврши во Бешикташ кој одлучи да го ангажира на двегодишна позајмица. Меѓутоа, работите тргнаа веднаш на лошо, по доаѓањето на Лорис во овој клуб. Тој веднаш стана мета на исмевање поради неверојатните киксови на натпреварите.
Но, работите можат да бидат и полоши од ова. Англиските медиуми тврдат дека Бешикташ сака што побрзо да се ослободи од Кариус, иако е договорена двегодишна позајмица, а судејќи по се, Германецот би можел после шест месеци да се врати на Енфилд.
Бешикташ ја плаќа половина од неговата плата и имаше опција да го откупи неговиот договор. Меѓутоа, се чини дека клубот одлучил да се раздели од Кариус и да најде некој „посигурен“ голман.