Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вољата на ждребот на ЛШ одлучи за во осмина финалето да се сретнет Лестер Сити и Севиља.
Иако многумина мислат дека на англискиот клуб се насмевна среќата, тренерот Клаудио Раниери смета дека неговите избраници нема да имаат лесна работа.
„Многумина рекоа : Севиља е добар ждреб. Како добар ждреб, кога имаат три трофеи по ред? Нема да биде добро и лесно за Лестер, но секако тоа ќе бидат два прекрасни натпревари“, изјави Раниери, чија изјава ја пренесуваат странските медиуми.
Се наврати Раниери и на незаборавната 2016 година за Лестер.
„Не можам да заборавам каде ја почнав приказната, исто како и Варди на некој начин. Тргнав од тимови кои не се професионалци. Титула со Лестер е резултат на долгогодишна работа која ја вложив“, заклучи Италијанецот.