Како се ближи стартот на Премиер лигата, така Мурињо се повеќе „кука“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мурињо има три дена до крајот на преодниот рок во Англија, затоа што веќе во сабота започнува Премиер лигата, но Португалецот не е задоволен, бидејќи му недостасуваат играчи. Ги доведе искусниот Грант, играчот за врска Фред и Далот во одбраната.

„Директорот знае што сакам, имам неколку дена и чекам да видам што ќе се случи. Другите клубови се доста јаки и веќе имаат одлични тимови или масивно вложуваат како Ливерпул, кој купи се и сешто“. Ако не се засилиме, ќе биде тешка сезона“, изјави Мурињо.

За споменатите три засилувања Унајтед издвои 84 милиони евра, но на Мурињо првично му треба штопер, но смета дека му треба и еден добар офанзивец, како што е Вилијан од Челси или Бејл од Реал.