Калдерон откри кој е виновен за заминувањето на Роналдо: Истиот човек ги избрка Касилјас, Раул…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо минатото лето, по девет години поминати во Реал Мадрид, реши да се пресели во Јувентус за 117 милиони евра.

Поранешниот претседател на „кралевите“, Рамон Калдерон откри кој е виновен за неговото заминување од Мадрид.

„Флорентино Перез е единствен виновник за заминувањето на Роналдо“, откри Калдерон.

Според неговите зборови, Перез одбил да му ја зголеми платата на Роналдо, откако ја освоија третата титула во Лигата на шампиони по ред.

Перез планирал парите од платата на Роналдо да ги вложи во трансфер на Нејмар, но на крајот останал со празни раце, па затоа сега тимот бележи лоши резултати.

„Пристигнат беше со барањето за плата. Перез му кажал на Роналдо дека ќе прифати понуда повисока од 100 милиони евра, а токму таква стигна од Јувентус и затоа Португалецот замина. Не велат дека не е голем претседател, но има некои комплекси од моето наследство, зашто Роналдо беше мој проект. Перез избрка многумина, меѓу кои Икер Касилјас, Раул Гонзалес, Весли Снајдер и Арјен Робен“, вели Калдерон.