Калиниќ ги одби сите понуди од Кина

Хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ минатото лето стигна во Милан како големо засилување од редовите на Фиорентина.

Сепак, Калиниќ во досегашниот дел од сезоната комплетно потфрли и не ги оправда очекувањата на фановите и фудбалските аналитичари. Иако е само шест месеци на „Сан Сиро“ веќе почнаа шпекулациите дека ќе си замине од Милан и ќе се пресели во Кина.

Сепак, според италијанските медиуми Калиниќ одбил неколку богати понуди од Кина меѓу кои и на тимот од Гвангжу Евергранде кој му понудил најмногу пари.

Хрватот наводно истакнал дека сака да се докаже во Милан и дека не сака во јануари да го напушти клубот.