Капитенот не планира да го напушти Енфилд во скоро време


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон е дел од клубот веќе седум години, а очигледно нема ништо против и да ја заврши својата кариера во овој клуб,

Под палката на Клоп тој е еден од клучните луѓе во Ливерпул, со обир на тоа дека овој „универзалец“ ја врши својата улога на врвно ниво.

Со својата одлична игра тој заработи и нов договор кој го потпиша денес, и иако Ресите не ги соопштија деталите од договорот, Goal.com соопшти дека се работи за продолжување на соработката од пет години, па така 28 годишниот репрезентативец на Англија би требало да остане на Енфилд барем до 2023 година.

Тој пристигна во Ливерпул во 2011. година од Сандерленд, а од тогаш со Редсите впиша 283 настапи и постига 24 голови. Капитенската лента ја наследи од легендарниот Стивен Џерард.