Карагер очекува Мурињо да си замине од Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудаблер на Ливерпул и сегашен стручен коментатор на „Скај Спортс“, Џејми Карагер смета дека Жозе Мурињо нема да биде менаџер на Манчестер Јунајтед следната сезона и откри дека тој би можел да си замине и за време на сезоната.

Карагер истакна дека не се радувал премногу за поразот на Манчестер Јунајтед, а по катастрофалните подготовки и лошиот старт на сезоната, очекува Мурињо наскоро да го напушти „Олд Трафорд“.

„Не скокам од радост поради тоа што МанчестерЈунајтед изгуби против Брајтон. Но, по тоа што се случи ова лето, доколку ваквите настапи продолжат, не мислам дека Мурињо ќе биде менаџер на Манчестер Јунајтед следната сезона. Тој можеби нема да биде менаџер на клубот и оваа сезона“- коментираше Карагер.