Карагер со совет до Покетино околу неговото наводно назначување за тренер на Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот легендарен фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер испрати совет до аргентинскиот тренер кој во моментов е на чело на Тотенхем, а се поврзува со премин во Манчестер Јунајтед следното лето.

Во овој момент Манчестер Јунајтед ќе го води Оле Гунар Солскјер, но медиумите на големо шпекулираат дека Норвежанецот нема да остане на „Олд Трафорд“ и дека негов наследник ќе биде Маурисио Покетино.

Меѓу оние кои сметаат дека Покетино треба да го преземе Манчестер Јунајтед е токму и Џејми Карагер.

„Доколку Покетино има понуда од Манчестер Јунајтед, мора да ја прифати. Не е битно колку е добар новиот стадион на Тотенхем, колку навивачи може да собере…Не е битно дури и ако освојат нешто. Тотенхем не е Манчестер Јунајтед и никогаш нема да бидат големи како нив“- коментираше Карагер.