Кардиф го одложи плаќањето на првата рата за Сала, но подготвува – подмолен план!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нант бара 17 милиони евра од Кардиф поради трансферот на Емилијано Сала, кој почина на пат кон Велс, откако неговиот авион се урна во Ламанш.

Кардиф до денеска требаше да плати шест милиони евра, но тие го продолжија договорот до 27 февруари.

Пред три дена англиските медуми пренесоа информација дека управата на Кардиф побарале помош од останатите премиерлигаши со намера да дознаат дали има правна можност да избегнат да платат отштета.

Кардиф има тим адвокати кои ќе им помогнат во правната борба против францускиот клуб. Тие составиле писма кои ги испратиле до другите клубови.

Тие сакаат да дознаат дали клубови како Кристал Палас, Фулам, Барнли и Вулверхемптон биле заинтересирани за Сала.

Ставовите на клубовите ќе бидат презентирани во битката против Нант во надеж дека може да се избегне плаќањето.