Кариерата во ТВ ќе почека: Тери си пронајде нов клуб! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џон Тери по една сезона го напушти Астон Вила, клуб во кој пристигна по 17 години поминати на „Стемфорд бриџ“.

Се шпекулираше дека ќе почне да работи во една ТВ, но „Скај Спорт Италија“ пишува дека 37-годишниот стопер си нашол нов клуб.

Тери, наводно, се договорил со Спартак Москва, па по медицинските прегледи ќе потпише договор со нив.

Спартак се одлучил да го ангажира искусниот Тери, откако Самуел Гигот имаше тешка повреда, па поранешниот капитен на Челси би требало да ја „закрпи“ дупката во одбраната.