Кариус става крај на авантурата во Ливерпул, договори двегодишна позајмица

Малерозниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус наводно се договорил за двегодишна позајмица со турскиот тим на Бешикташ.

Голманот на Ливерпул го загуби првотимскиот статус по пристигнувањето на Алисон на „Енфилд“, а киксовите на финалето против Реал Мадрид дополнително го отежнаа неговиот престој во Англија.

Германскиот интернационалец следните две сезони би требало да ги помине во Бешикташ, а потоа ќе се знае дали ќе направи перманентен трансфер во турскиот клуб или ќе заврши во друг клуб.