Кари го премина Брајант(ВИДЕО)

Стеф Кари го премина Брајант на вечната листа на најдобри играчи кои постигнуваат тројки во НБА лигата.

Во поразот на Голден Стејт од Чикаго, Кари постигна 23 поени, од што 2 тројки кои му беа доволни да ја премине легендата на Лејкерс на 11-то место на вечната листа.

Кари во кариерата има постигнато 1828 тројки, 1 повеќе од Брајант.

Оваа сезона постигна 235 тројки од 588 обиди.