Каталонците со нова „бомба“: Барселона му испрати примамлива понуда на Челси!?

„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона испратила втора понуда за фудбалерот на Челси, Вилијан, иако вчера пристигна негативен одговор од Лондон.

„Сините“ вчера добија понуда од 30 милиони евра и Малком за услугите на Вилијан, но тие не се согласија со Каталонците.

Поради тоа, Барселона реши да ја подобри понудата, па Малком останува во пакетот, а Челси ќе добие 40 милиони евра плус за трансферот.

Сепак, не е познато дали и оваа понуда ќе ја прифати Челси, чија управа е задоволна од настапите на Бразилецот, иако навивачите одамна го покажаа незадоволството поради, реално, очајните настапи на Вилијан сезонава.