Катеначи на „Сан Сиро“: Ваквите споредби го прават горд легендарниот Гатузо…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џенаро Гатузо, тренерот на Милан го споредија со бившиот тренер на „Росонерите“, Неро Роко, иначе зачетник на Катеначи.

„Ако ништо друго, ме прават горд“, истакна Гатузо на конференција за новинарите, коментирајќи ги споредувањата со бившиот шеф на „Росонерите“ и заговорник на популарниот дефанзивен стил на фудбалот.

„Роко го измисли катеначи и го освои својот прв европски куп. Атлетико денес игра така, а играше и во финалето на Лигата на шампионите и го освои шпанското првенство“, тврди Гатузо, а потоа се осврна на мечот Сасуоло кој ќе го одиграат в сабота од 18 часот.

„Утре е клучен меч за нас, така што ќе мораме да го заземеме теренот без размислувања за дерби и други работи. Добро го познавам Де Зерби, против него минатата година земавме само вод, така што знам каков фудбал сака да игра. Сасуоло има добри играчи кои се вешти со топката, а ние се подготвуваме како да играме против најдобриот тим во лигата“, истакна Гатузо .

Милан е без пораз од средината на јануари кога беше минимално поразен од Јувентус во Торино, а моментално е на четвртата позиција со 45 бодови и ќе се обидат до крајот на сезоната да ја освојат таа позиција и да се пласира во Лигата на шампионите.

Во меѓувреме, тимот одигра 0:0 со екипата на Лацио во првиот меч од полуфиналето во Купот на Италија, а реваншот се игра на „Сан Сиро“.