Квадрадо терор изврши врз Интер – Евроголот на колумбиецот му донесе голема победа на Јувентус (ВИДЕО)


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус на домашен терен го победија Интер минимално во натпревар од 23-то коло во Серија А.

На почетокот на натпреварот Дибала немаше среќа бидејќи ја погоди пречката. Од слободен удар Пјаниќ се закани, но Хандановиќ фантастично одбрани.

Пред крајот на првото полувреме Квадрадо постигна еврогол за водство на Јувентус.

 

Во вториот дел од натпреварот не видовме погодоци, а бјанконерите на крајот се радуваа. Пред крајот на натпреварот Иван Перишиќ заработи директен црвен картон.

Јувентус останува лидер на табелата во Серија А со предност од 6 поени во однос на второпласираниот Наполи и седум во однос на Рома која е трета.