Квајт од наредната сезона ќе вози за Торо Росо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Данил Квајт сезонава беше тест-возач на Ферари, но сега е јасно дека наредната сезона ќе добие шанса да се натпреварува во Формула 1.

Рускиот возач ќе добие втора шанса да се докаже во „најбрзиот циркус“ во светот и тоа во екипата на Торо Росо.

Уште не е познато кој ќе биде негов колега во новиот тим, но тоа ќе биде наскоро објавено. Квајт и претходно возеше за нив во 2014. година, но поради лошите односи не се задржа долго време.

Сепак, Торо Росо реши да му даде нова шанса, а уште од наредната сезона ќе има можност да се докаже.

„Им се заблагодарувам на Ред Бул и Торо Росо за шансата повторно да возам во Формула 1. Среќен сум што се враќам во тимот кој ми е познат и во кој имам многу пријатели“, кажа Квајт.