Кербер го предаде натпреварот, Младеновиќ и Кирстеа се во 1/4 финалето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Завршија последните три 1/8 финални натпревари на ВТА турнирот во Мадрид.

Кирстеа после три сета стигна до победа против Дои, 2:1.

Романката првиот сет го доби со 7:5. Во вториот сет Дои направи брејк во осмиот гем и го израмни резултатот во сетови, 3:6, 1:1. Кирстеа во одлучувачкиот сет одигра фантастично и лесно го доби со 6:1. Кирстеа ќе игра против Младеновиќ во 1/4 финалето.

 

Младеновиќ ја збриша Додин, 0:2.

Два брејка направи Младеновиќ во првиот сет, 2:6. Кристина со два брејка и во вториот сет стигна до лесна победа, 1:6. Французинката во 1/4 финалето ќе ја пречека Кирстеа.

 

Кербер го предаде натпреварот против Бушар.

Дури седум брејка беа видени во првиот сет помеѓу овие две тенисерки. Поуспешна беше Бушар која го доби првиот сет, 3:6. Бушар влезе одлично во вториот сет, го одзеде три пати сервисот на Кербер и германката го предаде натпреварот при резултат 0:5 во вториот сет. Противничка на Бушар во 1/4 финалето ќе биде Кузњецова.