Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бекот на Тотенхем, Јан Фертонген го почитува многу својот соиграч Хари Кејн и вели дека неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за тимот.
Во победата против Милвол во ФА купот, Кејн го повреди зглобот на ногата и ќе мора да паузира од 4 до 6 недели.
„Тоа е удар за нас, секако. Според мое мислење, Хари е најдобар фудбалер во ПЛ. Сепак, и без него имаме многу опции.“
Кејн постигна 19 голови оваа сезона, а Тотенхем е втор на табелата со 56 бодови, 13 помалку и натпревар помалку од Челси.