Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Малиот Килијан само што дојде на светот кога Јувентус во 99-та година за 10 милиони евра го купи Тиери Анри.
Килијан и Анри ги поврзува Монако, а Килијан прв пат го облече нивниот дрес ан 2 декември 2015-та година и на 16 години и 347 денови го надмина рекордот на Арсенал за најмлад дебитант во историјата на клубот.
Тие на кои тогаш не им паѓаше на памет да ги поврзат нив двајца, ќе го сменат мислењето само по еден и пол месец подоцна, односно во февруари 2016-та година, кога Килијан го постигна првиот сениорски гол и влезе повторно во историјата на Монако.
Уште кога и Венгер призна дека го следи него и дека во него видел големи квалитети, тогаш може слободно да кажеме дека тој е „новиот Тиери Анри“.
„Мислам дека секој играч има своја приказна. Анри ја испиша својата, се надевам дека и јас својата. Можам само да се надевам дека ќе биде добра како него.“
Пред да дојде во Монако, тој имаше понуда од Зидан да премине во Реал Мадрид.
„Беше многу искрено кон мене. Навистина одличен момент. Не заминав во Реал затоа што сакав да останам во својата татковина.“
Килијан е талент и љубовта кон спортот ја наследи од родителите. Неговата мајка беше ракометарка додека неговиот татко беше фудбалски тренер и негов агент.
Во родниот Бонди на 4 години започна да тренира фудбал.
„Не помина ниту ден, а да не зборуваме за фудбалот дома. Кога ќе се разбудам, прво гледав фудбалски вести.“
Тиери Анри би можел да добие свој наследник, а францускиот фудбал ново големо име.
Во победата на Монако против Мец од 5:0 пред една недела, Килијан постигна 3 голови.
Тоа дури и не беше негов прв хет трик за клубот. Претходно три пати ја затресе мрежата на Рен во Лига купот.
Седум голови во лигата и 6 асистенции е билансот на овој 18-годишен фудбалер во оваа сезона.
На репрезентативен план, неговата кариера започна идеално. Кога селекцијата на Франција до 19 години го освои ЕП 2016, две имиња беа кажани како најдобри, а тоа беа Огустен од ПСЖ и Мбапе од Монако.
Мбапе добро го запаметија Холанѓаните и Португалците на кои им даде по 2 голови. На крајот Франција станаа шампиони на Европа со импресивна гол разлика од 15:4.
Не е чудно што најголемите европски клубови веќе започнаа да „одвојуваат“ пари, па се споменуваат 40 милиони евра колку што нуди Манчестер Јунајтед.
Неговиот квалитет вреди многу, шутира добро со двете нозе, има голема брзина и движење со топката.
Додајте на тоа и добри дриблинзи, одлично чувство на креирање шанси за соиграчите, способност да игра и во центарот на нападот и на крилните позиции, како и одлични изведувања на прекини.
Тој е уште млад за да биде стандарден во Монако, тим со многу искусни играчи кои имаат шампионски амбиции, но досега својата шанса ја искористи на најдобар начин.
На натпреварот со Сити во ЛШ привлече голем број на скаути, а што ќе покаже играчот со бројот 29 на својот дрес, ни останува да видиме.